Кула - чистач на смог

25.01.2020 11:32
Кула - чистач на смог

Холандската фирма „Студио Roosegaarde“ предводена од основачот Дан Рузегард (Daan Roosegaarde) започнала редица урбани иновации кои ги спојуваат уметнста и модерната технологија со цел да создадат почиста животна околина. Меѓу овие иновации е и „Smog Free Tower“, прв вакуумски чистач на смогот, кој по Холандија и Кина, своја примена ќе најде и во Полска.

По првичната негова употреба во Ротердам и Амстердам, а потоа и во Пекинг во 2016 година, чистачот во облик на кула ќе дојде и во полскиот град Краков, каде со примена на јонизациската технологија ќе ги решава проблемите со градскиот смог. Висината на оваа кула е 7 метри, а ширината е 3,5 метри. Кулата ги привлекува и ги впива честичките смог и го прочистува воздухот. Собраните честички на јаглерод кои остануваат по чистењето се компресираат и се користат за изработка на накит.

Научниците од Техолошкиот факултет во Ајндховен ја проучувале ефикасноста на кулата и откриле дека може да фати и до 70 отсто од ПМ10 честичките и до 50 отсто од ПМ2.5 честичките. Испитувањата покажале дека кулата троши помалку електрична енергија од обичен бојлер за вода. Откако кулата била инсталирана во Пекинг, за 41 ден, исчистила околу 30 милиони кубни метри воздух, што е шест пати поголем волумен од Националниот стадион во Пекинг, кој има капацитет од 80 000 гледачи. 

Извор: ekovjesnik.hr

 

ОкоБоли главаВицФото