Салвадор Дали, Дизни и Пинк Флојд

25.01.20 11:56

Во 1945 година, Волт Дизни и Салвадор Дали започнале анимиран филм. Тој филм никогаш не бил завршен заради финансиски проблеми на студиото „Волт Дизни“. 58 години подоцна, внукот на Дизни, Рој Е. Дизни ги пронашол овие материјали и го завршил анимираниот филм „Дестино“, кој во 2003 година ја имаше својата премиера во Њујорк, а следната година беше номиниран за Оскар за најдобар анимиран филм.

Сега, петнаесетина години подоцна, со сигурност знаеме дека „Дестино“ го најде своето место во популарната култура, затоа што некој му ја додал и музиката на Пинк Флојд.

 Извор: openculture.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото