Герила акција „Дрисла гори, баба се чешла“

25.01.2020 12:09
Герила акција „ Дрисла гори, баба се чешла“

Со транспаренти „Дрисла гори, баба се чешла“ и „Стоп за увоз на токсичен отпад“, активисти од скопскиот огранок на #FridaysForFuture вчера (24 јануари) ги „окупираа“ скопските раскрсници.

Активистите застануваа на пешачките премини со цел да го свртат вниманието на учесниците во сообраќајот и истовремено, да упатат и пораки до институциите за решавање на актуелниот проблем со отпадот.

Со маски на лицата, активистите застануваа на премините кога ќе се запали зеленото светло, за да може пораките да ги забележат сите автомобили што чекаат на семафор. За акцијата велат дека биле поттикнати од веста дека од Бугарија се увезени седум милиони тони отпад.

Извор: Радио МОФ

 

ОкоБоли главаВицФото