Љума и Даут од „Медена земја“ ја добија престижната американска награда за кинематографија

27.01.2020 14:33
Љума и Даут од „Медена земја“ ја добија престижната американска награда за кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут, директорите на фотографија на „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34 доделување на наградите на Асоцијацијата на кинематографери на Америка (ASC -The American Society of Cinematographers).

„Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC“, напиша Љума на својот профил на Фејсбук.

Наградата на кинематограферите од „Медена земја“ им ја додели режисерот Тод Филипс кој рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.

„ASC Award“ важи за највисока светска награда за кинематографијата, бидејќи ја доделува Асоцијацијата на кинематографери на Америка (ASC).

„Медена земја“ досега има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот и е прв македонски филм кандидат за Оскар во две категории - за најдобар странски  и за најдобар документарен филм.