Малите големи жени: Со уметност до еманципација

28.01.2020 14:57
Малите големи жени: Со уметност до еманципација

Педесет години откако Џејн Остин го објави романот „Гордост и предрасуди“, на другата страна на океанот, Луиза Меј Алкот го ојавува „Мали жени“ ((Little Women). Иако станува збор за романи кои ги дели голем просторен и временски јаз, начинот на кој писателките ги третираат своите хероини Елизабет Бенет и Џо Марч е прилично близок.

Се работи за главни ликови кои не се согласуваат на семејниот диктат. Нивната најдлабока желба е да го пронајдат местото под сонцето и да се афирмираат според сопствените способности, а не преку мажење за некој богат маж кој им е наметнат.

Шеесет и пет години подоцна ќе се случи првата од дури четирите филмски адаптации на „Мали жени“ зад која како режисер стои Џорџ Какор (George Cukor), со Кетрин Хепберн во улогата на бунтовната Џо. Потоа, во 1949 година, Мрвин Лерој (Mervyn LeRoy) ја употреби истата предлошка со Џун Алисон во главната улога. Од поновите адаптации на „Мали жени“ ја паметиме онаа со авторскиот потпис на Џилијан Армстронг (Gillian Armstrong), во која Џо ја портретираше Винона Рајдер.

Оваа, најнова верзија (во конкуренција за Оскар) во режија на Грета Гервиг (Gretа Gerwig), се разликува од претходните по нејзините временски скокови, Наместо да ја започне приказната со Божиќ без подароци, во воведните кадри ќе ја видиме веќе постарата Џо (Saoirse Ronan) како води самостоен живот на писателка во Њјујорк („Ако главниот лик девојка, тогаш погрижете се на крајот на книгата да биде омажена...или мртва“, ѝ вели издавачот).

А сцените од првиот дел на романот во кои се случува нејзината интеракција со сестрите, се појавуваат како сеќавања, понекогаш без хронолошки ред, сведени на вињети. Како да го прелистуваме нејзиниот стар семеен албум. Слична стратегија користи и Селин Шиама (Celine Sciamma) во „Portrait of a Lady on Fire“.

Како Џо и сликарката Маријана (Noemie Merlant) се потсетува на заминувањето во излолирана вила во Бретања, каде е повикана да направи портрет на ќерката на сопственикот Елоиз (Adele Haenel).

Џо и Елоиз

Во двата филма Џо и Елоиз се портретирани како интелигентни и самосвесни жени. Во обата филмови тие изговараат речиси идентична реченица „Да се биде слободен, значи да се биде осамен?“, ќе се праша Елоиз. „Но, јас сум толку осамена“, ќе каже Џо со прилична доза на безнадежна искреност, наспроти целата нивна интелигенција, талент и амбиција.

Се разбира, Шиама во прв план го поставува лезбејскиот однос на своите хероини, некаде на половина пат, балансирајќи помеѓу Жак Риветеа и Џејн Кампион (шифра: „Пијано“). Но тоа не значи дека Гервиге помалку одважна и радикална. Нејзината Џо станува нешто налик на костимирана „Frances Ha“, уште една од хероините на авторката, која се обидува да го пронајде своето место во светот. Иако во нејзиното полифоно проседе, секој настан, среќен или несреќен е прикажан со подеднаква симпатичност.

Потоа има некоја проклета симболика во тоа што следниот проект на Грета Гервиг е играна филмска верзија на приказната за Барби, која ќе ја портретира Марго Роби (Margot Robbie), а за чиешто сценарио е задолжен сопругот на режисерката Ноа Баумбах (Noah Baumbach), кој не беше присутен во „Мали жени“. Значи повторно станува збор за филм со фигури во просторот. Не само што Џо е портретирана како неконвенционална хероина, но и своевидна пионерка на #MeToo ургентноста и сите оние жени кои и денес се осудени на борба за слобода и сопствен избор.

Како што во „Portrait of a Lady on Fire“ на Шиама, во кој сликата слабо напредува затоа што ѝ е потребно дневно светло и играта на заведувањето и ослободувањето на телото станува бавна и сензуална, така и во „Женички“ уметноста станува придвижувач на женската еманципација и ослободување.

Машки поглед

Секоја од сестрите Марч е поврзана со одредена гранка на уметноста. Џо е претставена како алтер его на Алкот, сонувајќи како ќе стане писателка. Мег ја обожува поезијата, Ејми сака да студира сликарство во Европа. Бет покажува љубов кон музиката. Но кај Шиама, која игра на академизам на женската страна, мажите стануваат сосема отсутни. Тие во кадарот се појавуваат само периферно, и иако се невидливи како таткото сликар на Маријан и несудениот сопруг на Елоиз, тие сепак имале значајни улоги во животот на хероините. Од друга страна, многу подинамичната Гервиг го има ликот на Лари (Timothee Chalamet) кој влегува во групата на малите големи жени, вљубен во Џо. Тука е и професорот Фридрих Баер (Louis Garrel) кој зборува со комичен германски акцент. Гервиг, за разлика од Шиама не го отфрла машкиот поглед.

Затоа што примарниот интерес на режисерката Гервиг е да покаже како жената станува уметница не зависејќи од одлуките на мажите. Иако нејзиното дело не поставува теза. Зато Алкот ја прифатија голем број писателки со феминистички предзнак, од Симо де Бовоар со Сузан Сонтаг, кои во Џо се пронајдоа себе си. Затоа што најубавиот женски поглед во филмот останува онаа мала насмевка на лицето на Џо кога ќе дознае дека ракописот на „Мали жени“ ќе биде објавен.

Извор: novilist.hr

 

Слични содржини

Став / Култура / Филм

ОкоБоли главаВицФото