ЕУ река (23): Мери Вулстонкрафт

28.01.2020 17:40
ЕУ река (23): Мери Вулстонкрафт

МЕРИ ВУЛСТОНКРАФТ

Една од првите личности во развојот на феминизмот, Мери Вулстонкрафт (1759-1797), во својата книга Заштита на женските права (1792), напишана под влијание на Француската револуција, протестирала против постојната субординација, потчинетата положба на жените и ограничените можности што им се нудат на жените за унапредување на нивната свест. Се залагала за ставот дека на семејниот живот и општеството воопшто, најдобро му служат високообразованите, доверливи и силни жени кои можат сами да опстанат во светот. Сметала дека акт на тиранија е тоа што жените „се исклучени од учество во природните права на човештвото... а тиранијата, без разлика во кој дел од општеството го одржува својот бесрамен фронт, секогаш ќе ја поткопува моралноста“. Еманципацијата на жените би им била од корист и на жените и на мажите:

Ако мажите великодушно би нѐ ослободиле од оковите и би биле задоволни со рационално дружење наместо ропска послушност, тие би сфатиле дека сме поугледни ќерки, помили сестри, полојални сопруги, поразумни мајки - со еден збор, подобри граѓани. Тогаш навистина би ги сакале со вистинска љубов, зашто ќе научиме да се почитуваме себеси.

 

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Мирјана Лозановска и Александар Јосифовски
Извор: Marvin Perry, An Intellectual History of Modern Europe

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото