Најозлогласените логори на смртта во БиХ

28.01.2020 23:46
Најозлогласените логори на смртта во БиХ

Логорот Омарска

Денес кога се потсетуваме на Аушвиц и кога го одбележуваме ослободувањето на затворениците од страна на Црвената Армија, би сакала само да потсетам дека во Европа никој друг од крајот на Втората светска војна не осмислил логорско затворање луѓе освен нас... Каков страшен срам! И што е најтажно, некои сторители и злосторници сѐ уште се наши современици, дури слободни луѓе...

Сандра Ранковиќ

 

Трагите од злосторствата се прикривани, па не постојат официјални податоци за бројот логори, но веродостојно се знае дека имало повеќе од 600 и дека оние што престојувале во нив во најголема мера биле Бошњаци.

Владата, војската и полицијата на Република Српска уште во април 1992 година почнаа со формирање концентрациони логори на заземените подрачја ширум земјата.

Низ логорите поминале десетици илјади цивили, а илјадници, после мачењето и понижувањето, биле брутално ликвидирани.

Логорот Мањача

Логорите во Приједор се истакнувале по монструозноста на злосторниците кои убиле повеќе од 3 000 луѓе. Концентрациониот логор во рудникот Омарска бил активен 100 дена, а во него биле затворени 11 000 луѓе. Во Трнополе се наоѓале помеѓу 5 000 и 8 000 затвореници, а во некогашната фабрика за керамички плочки Кератерм биле затворени околу 3 000 луѓе. Дополнителни 10 000 луѓе биле заробени во напуштениот рудник Томашица, во Брезичани и Спортскиот центар во Приједор.

На подрачјето на Бања Лука најозлогласен логор бил Мањача и во него биле затворени над 8 000 Бошњаци.

Во Биелина главно мачилиште за Бошњаците бил логорот Батковиќ во кој секојдневно биле затворени околу 2 500 луѓе, а во воената касарна во Биелина српските сили затвориле 1 230 Бошњаци.

Логорот Лука бил место за затворање и мачење на несрпското население од Брчко. Повеќе од 10 000 луѓе биле изложени на тортури во логорот Лука и спортската сала Партизан во самиот центар на градот.

Во Фоча биле концентрирани повеќе наменски концентрациони логори. Најпознати логори биле Миљевина, Партизан (попознат како женски затвор во Фоча) и поранешниот Казнено-поправен дом (КПД) во Долно Поле во кое биле затворени над 10 000 Бошњаци, а убиени повеќе од 1 000.

Логорот Батковиќ

Во деловите од Сараево кои на почетокот на војната ги заземале српските сили исто така се формирани концентрациони логори за несрпското население. На Илиџа, во Казнено-поправниот дом Кула, во Рајловац, Враца, во аеродромските хангари и на бројни други локации биле затворени десетици илјади сараевски Бошњаци и Хрвати.

Затворањето на Бошњаците во концентрациони логори е стратегија која од српските политички и воени власти ја преземаа челниците на Хрватите после избивањето на конфликтот со Бошњаците.

Во хеликоптерските складишта и гаражите на Хелиодромот кај Мостар биле затворени Бошњаци од цела Херцеговина. Според извештајот на ОН, таму биле затворени 2 300 цивили. Според изворите на Армијата на БиХ, на Хелиодромот биле заробени помеѓу 10 000 и 12 000 Бошњаци.

Во Чапљина имало неколку места каде биле затворени Бошњаци. Во магацинот на ЈНА во Габела, во четири големи хангари, биле затворени повеќе од 1 400, а во целиот логор најмалку 3 500 Бошњаци. Во касарната „Дретељ“ биле затворени приближно 5 000 Бошњаци.

Затворениците во херцеговските логори биле изложени на најжестока тортура, а многу од нив биле брутално ликвидирани.

Логорот Лука

Извор: https://vijesti.ba

ОкоБоли главаВицФото