Активисти ги преименуваа улиците во Битола: „Тендерска“, „Раскопана“, „Недопрена“

30.01.2020 12:29
Активисти ги преименуваа улиците во Битола: „Тендерска“, „Раскопана“, „Недопрена“

Група битолски активисти на симболичен начин регираа и ги означија проблемите со состојбата на улиците кои ги имаат граѓаните на Битола.

На повеќе од 10 улици, утрово (30 јануари) се поставени табли со прекари на улиците односно со имињата со кои одредени улици се здобиле изминативе години заради нивната запуштеност и нивната состојба.

Имињата на улиците се симболични исто како состојбата на улиците, „ВЕТЕНА, а не направена”, „ВЕЛЕЛСЛАЛОМ - полна со дупки кои мора да се избегнуваат,  „ИДНИНА”. потоа  „Калосана”, „Тендерска”, „РАСКОПАНА“, „БОЛИВАЧ“, „Езерска – улица на 1000 езерца” и слично.

Целта на оваа акција е да се укаже на проблемите на граѓаните кои живеат во одредени делови на Битола каде уличната инфраструктура е катастрофална и каде состојбите со не само што не се подобруваат туку секојдневно се влошуваат.

„Иако е втор по големина град во Македонија, Битола за жал има уништена локална улична инфраструктура, многу улици во битола се нереконструирани, раскопани, некои имаат дупки стари и повеќе од 10 години а некои со децении чекаат на асфалтирање. Целта на акцијата е да се предизвика внимание и локалната власт да ги реши овие проблеми со кои граѓаните на Битола секојдневно се соочуваат“, велат активистите.

ОкоБоли главаВицФото