Стоп за увоз на отпад

01.02.2020 13:13
Стоп за увоз на отпад

Активисти и граѓани, вчера попладне (петок, 31 јануари) го окупираа просторот пред Собранието. Тие бараа средба со претседателот Талат Џафери за да добијат објаснување зошто донесувањето на предлог-законот против увоз на опасен отпад, како што велат, континуирано се одложува.

Седнати на земја, тие извикуваа „Правда, еколошка правда!”, „Здравјето пред профитот!”

Тие бараат итен мораториум на увоз на опасен отпад од странство. „Македонија нема капацитети, лаборатории и механизми за соодветно и неопходно испитување на отпадот за согорување којшто влегува во државата. Токму затоа бараме мораториум на увозот на отпад сè додека државата не оспособи лаборатории коишто ќе ги испитуваат потенцијалните отрови што ги содржи увезеното ѓубре. 

Притоа ги повикуваме пратениците да ги изгласаат предложените законски измени за увозот пред Собранието да биде распуштено“ стои во барањето од иницијативата „Петоци за иднината“. 

Kако организација сметаме дека Македонија има доволно отпад што самата го создава, не е потребно да се увезува отпад во тони, за кој немаме ние соодветна опрема, лаборатории да се види каков отпад увезува“, рече Тијана Павлова од „Fridays For Future“.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото