1028 hPa
93 %
-3 °C
Скопје - Сре, 17.12.2025 04:00
_415.jpg)
Им благодариме на медиумите за отапениот простор.
Перцепцијата зависи од аголот на гледање. За жал, во Македонија ни се чини дека најчесто гледаме од мртов агол.
Живееме во дерократија - или те дерат или ти се дерат.
Македонија доцни секаде зашто секогаш ја возеле расипани политичари.
Оставка - морален чин кој најчесто се случува откако ќе се открие дека имаш сомнителен морал.
Од сите алергии, ова време успеа само совеста да ја направи имуна на грижа.
(469).jpg)
Човечки е да се греши, партиски е грешката да се припише на друг.
Фразата „Власта е сервис на народот“ се сфаќа како сребрен есцајг кој послугата лажица по лажица кришум си го носи дома.
Дрво за секоја прес-конференција на партија. Така најбрзо ќе се пошуми Македонија.
Земја што не знае да го направи вистинскиот избор, постојано ќе има избори.
Ние и нашето време сме грешките од кои ќе учат следните генерации, само што сме се амбицирале да имаат за учење 100 години.
Историјата се повторува како фраза.
(425).jpg)
Слики: Vladimir Kazanevsky