Почина Мери Хигинс Кларк, кралицата на крими-романите

03.02.2020 14:14
Почина Мери Хигинс Кларк, кралицата на крими-романите

Во 92-та година од животот почина Мери Хигинс Кларк, една од најпознатите американски авторки на криминалистички романи.

Кралицата на криминалистичките романи напиша педесетина книги продадени во стотина милиони примероци, од кои 80 милиони во САД, откако првиот голем успех го оствари во 1975 година со романот „Каде се децата“.

Родена во Њујорк, во Бронкс, на 24 декември 1927 година, во скромно семејство од ирско потекло, Мери Тереза Елеанор Хигинс Кларк се „заразила“ со вирусот на пишувањето на возрат од 7 години.

Нејзиниот татко починал рано и морала рано да почне да работи, а кога и самата станала мајка на семејство, продолжила да пишува секој ден од 5 до 7 часот наутро пред децата да тргнат на училиште.

Кариерата ја започнала со пишување раскази пред да се профилира како писателка на романи. Пред да започне да пишува, работела во маркетиншка агенција, завршила училиште за секретарки и била стјуардеса за Пан Американ Ерлајнс.

Други нејзини попознати дела: „Спиј мирно, убава моја“, „Превртена колевка“, „Татино мало девојче“, „Прави се дека не ја гледаш“, „Ноќта е мое време“, „Ја имам чуено таа песна“, „Две девојчиња во сино“ и многу други.

Некои од нејзините хит-романи се екранизирани во ТВ-филмови.

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото