Медиум на друм (37): За врвните телевизиски серии

03.02.2020 23:19
Медиум на друм (37): За врвните телевизиски серии

 

Телевизиските играни серии денес не се само еквивалент на она што во 19 век биле фељтоните, осносно главна одредница на културата. Сценаристите на играните серии, барем оние најдобрите, можат да се споредат со најдобрите романсиери на она време, од Балзак, преку Дикенс до Флобер. Тие не се задоволуваат со студена анализа на реалноста. Со силата на интуцијата, храброста и луцидноста на својата имагинација тие реалноста ја чувствуваат и ја предвидуваат.

Всушност, сценаристите на телевизиските серии денес се најдобрите аналитичари на општеството и на современиот свет, ако не и најдоверливите футуролози.

Нешто слично на она што се случувало пред Првата светска војна. Додека најугледните стручњаци од тоа време изјавувале дека војната, ако не невозможна, тогаш во голема мера е непродуктивна, па со тоа и речиси неверојатна – што совршено е илустрирано во книгата на Норман Ејнџел „Големата илузија“ – во сликарството на Егон Шиле, Едвард Мунк или Георг Грос можело да се препознае некој вид претчувствување на надоаѓачката катастрофа, како депресивната црта во карактерите на овие уметници (поточно, кај некои од нив) да им овозможила да станат медиумски способни да ја предвидуваат иднината на светот.

Избор: Никола Гелевски
Гиф: Александар Јосифовски
Слика: George Grosz - „Daum се венчава со својот прецизен автомат George u мах 1920., а John Heartfield многу се радува поради тоа"
Превод: Фросина Крушкаровска
Извор: Доминик Мојси, Геополитиката на телевизиските серии, 2016.

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евр

ОкоБоли главаВицФото