(Оп, се вивна горе најлонската ќеса...)

04.02.2020 11:56

Оп, се вивна горе
Најлонската ќеса
"Аmerican beauty"
Напрај пируета
Шушка и пука
Јата птици плаши
Само шајнот кружи
Не можи да сфати:
"Шо чудо ќе беше
Ја! Лета со сати
Ни очи ни крилца
Тешко да се фати
Овај гулаб катиљ
Мора да е Азман
На небото светот
Писмо му пратил".
Тогаш шајнот смело
Се спреми за атак
Пластичната ќеса
Го лапна в контранапад
И почна да паѓа
Удолу в бездна
Пред тебе тресна
Ни мрда ни прета
Глеј, на нога шајнот
Нешто си сплеткал
Писмото било
Фискална сметка
Пораката сега
Станува јасна
Сѐ живо ќе сотре
Човечката гнаса
Ѓубре на земја
Во вода и в небо...
Ај не плачи сеа
Убав е дено

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото