Изложба и промоција на книгата „Прага интима“

04.02.2020 12:19
Изложба и промоција на книгата „Прага интима“

Во среда (5 февруари) со почеток од 20 часот, во НЛБ Галеријата ќе биде отворена изложбата на фотографии „Прага интима“ на фотографот Влатко Деков.

Изложени ќе бидат 34 црно-бели фотографии, а воедно ќе биде промовирана и фото-книгата „Прага интима“ во издание на „Или-Или“.

„’Прага интима’ е личен, интимен портрет на еден од најубавите градови и магични места во светот, Прага. На трагите на она што го работеше познатиот чешки фотограф, Јосеф Судек, ‘Прага интима’ ги доловува скриените, вонвременски делови на градот, најчесто без присуство на луѓе. Проектот е работен 2 години, период во кој авторот ја посетува Прага повеќе пати, живее и ја фотографира во текот на летниот и во зимскиот период“, се вели во најавата за настанот.

Изложбата која ќе трае заклучно со 17 февруари, ќе ја отворат заменик амбасадорот на Република Чешка, Љубомир Пшенка и издавачот Игор Анѓелков.

 

ОкоБоли главаВицФото