#Хомофобиол- герила акција во Битола

04.02.2020 17:32
#Хомофобиол- герила акција во Битола

Вчера (3 февруари) на три локации во Битола на билборди се рекламираше фиктивен лек „Хомофобиол“, кој според авторот/те на делото ја лечи и најтврдокорната хомофобија и трансфобија.

Се работи за прва герила уметничка акција која алармира на хомофобијата што владее во општеството. Авторите на герила акцијата се непознати.

ЛГБТИ Центарот за поддршка ја поздравува оваа акција, која претставува уметнички одговор на доминантно дискриминаторските ставови кон луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет, кои се секојдневно изложени на вербално и физичко насилство, како и на нееднаков третман во општеството.

ОкоБоли главаВицФото