Колокауст

05.02.2020 20:54

Дооден и остарен
Извозен сум фолксваген
Туражирам во дилема
Кај ли да се тера:
Делојте да ги продам
Или да ги сменам?
Патот да го фатам
Ил в отпад да скапам?

Бубата ме слуша,
Ми влегла в гаража:
"А бе старо прдле
Нешто да те прашам:
Во добра си состојба
Ама не е сјајна
Колку си поминало,
Ако не е тајна?"

"Бубо, ко ме праша
Право ќе ти кажам
Ни бројчаник враќам
Ниту пари лажам
Шо немам поминато!
Кај немам заминато!
Триста пара гуми
Имам до сега искинато
Ама ваков скандал
Црна златна сестро
Наши дизелаши
Да го трујат светот...
Ни за Холокаустот
Не бил таков пекол!
Сами да се труеме
Леле, кој би рекол!"

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото