Конкурс: Порака до клукајдрвецот и порака до трнарчето

06.02.2020 03:34
Конкурс: Порака до клукајдрвецот и порака до трнарчето

По повод 25 години постоење и делување Културниот центар Рекс во Белград распишува конкурс со цел што поширока дискусија за целите и можностите на активизмот во општествената реалност и постојната или посакуваната перспектива.

„Среќавајќи се со активистичките теми и дилеми во овие 25 години работа, бевме изненадени кога откривме зачудувачки слични дилеми и прашања – во уметничкото дело настанато пред некои 125 години – во расказот на Максим Горки, За трнарчето што лажеше и за клукајдвецот што ја љубеше вистината. Приказната пренесува сосем актуелен дијалог на двајца (ре)аниматори на општествената заедница. Едниот, полн надеж и ентузијазам, повикува на борба за промени, а другиот е скептичен и критичен кон таквите надежи и повици. Претпоставувајќи дека овој дијалог ќе биде препознаен како релевантен до денешен ден, им нудиме на сите заинтересирани да упатат порака до клукајдрвецот и до трнарчето – од сопствени актуелни (и акутни) позиција и гледиште.

Максим Горки не е некој кој ги отворил овие дилеми во своето време; горната илустрација само потсетува на бројни други уметнички и политички пристапи, позиции и цели во некогашните активистички дебати; за жал или за среќа подеднакво актуелни до денес. Фактот што КЦ Рекс сега фукционира во простор на улицата Максим Горки, како и сликовитата метафора што ја употребил славниот писател, нѐ определуваат на конкретен избор. Во врска со тоа, еве едно можно инспиративно потсетување на некои карактеристики на јунаците на дадената приказна, преземено од албумот Флора и фауна:

Tрнарче – распространето секаде низ Европа. Има нозе со два прста свртени наназад и два позади, прилагодени за ползење.

Клукајдрвец – живее во Европа и Азија. Некаде е жител а некаде преселник. Извонредно пее а ги поддржува и песните на останатите птици.“


***

Конкурсот трае до 15 февруари. Пораките можат да се произведуваат и праќаат во облик на текст, видео или аудио фајл, гиф, меме, што може да се консумира во време до 30 секунди и што може да биде објавено на социјалните мрежи. Се користи хаштаг #detlicicesljuga
r

Повеќе информации за конкурсот, начинот на учество и наградите, како и пдф расказот на М. Горки се достапни на линкот

Конкурсот се одвива во рамки на проектот REX PREPA(R)KING, со кој се одбележува 25-годишнината на Културниот центар Рекс. Проектот е поддржан од Фондацијата Отворено општество Србија.

ОкоБоли главаВицФото