Дали ме сфаќаш

06.02.2020 17:50

И тој трубадурот на кметот му кажа:
Од тебе видовме толкава мака
И без да те посочам јасно со прстот
И без да те покажам точно со рака
Само да вриснам, тоа ќе стаса
Одма да изгубиш дваесет гласа

И кметот на тој трубадурот му враќа:
Мислите, јас од такви се плашам!?
Мислите, сега наполнив гаќа!?
Што и да правиш, исто се фаќа
Никогаш не сум јас тој што плаќа
И што и да сторам, не ми се враќа
Пак ќе ме канат сестри и браќа
Прв ред да седнам, збор-два да кажам
Збор-два да кажам колку ве сакам
И пак ќе ве убедам дека е така
Пак ќе ми јадете мене од рака
Јас бога не молам...
Дали ме сфаќаш!?

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото