За секое решение имаме проблем

07.02.2020 00:50
За секое решение имаме проблем

За секое решение имаме проблем.


Не е проблем да ти префрлат сѐ, освен пари.


„Прави што ќе правиш, ама...“ - условно идно време пасивно-агресивно.


Не иде ниту плаќа за куќен совет, ама не дава никој да му се меша во државата.


Богатите кои бараат гратиси се како двометрашите кои ги фаќаат првите редови на концерти и не им даваат да гледаат на другите. Имаат право на тоа, ама немаат обзири.

Дијалогот е двонасочна улица, само што ние си го имаме обичајот да се паркираме на едната лента и без осет за другите да го блокираме сообраќајот додека не си завршиме работа. Како во сообраќајот, така во дискусиите.


Кај нас за сѐ се вели час поскоро, а се прави да биде час поспоро.


Не се гледа прст пред око, а тој ни е во нос и уво зошто така е традицијата.


Кредото на маалски ерудита: Мислам, значи... впрочем.


Кредото на секој маалски голман: Рогито, јер голман сум.

Карикатури: Дар Мар