Промоција на втората годишна стрип награда „ЛИФТ“

07.02.2020 16:20
Промоција на втората годишна стрип награда „ЛИФТ“

Во понеделник на 10 февруари 2020 година во 20 часот во кафулето „Гаврош“ (улица Васил Главинов, блок 3; до книжарницата „Или Или“) ќе се одржи изложба на трите наградени дела и доделување на наградите од Втората стрип награда „ЛИФТ“. Ќе се промовира и книгата во која се застапени сите десет автори кои испратија свои стрипови:

- Џошкун Алиевски -  „Hope“

- Филип Момиќ - „Синдром здрвување“

- Јована Велинова - „Reborn“

- Александар Цветкоски (цртеж и сценарио) и Блажеј Атанасовски (сценарио) - „Мирен сон“

- Цанко Стефанов - „Вулгарин“

- Андреј Манев - „Ironheart“

- Александар Стеванов (сценарио, колор) и Дарко Богданов, (цртеж - молив и туш) - „Си беше еднаш еден човек“

- Кристина Кик Флип (цртеж) и Горјан Трајковски (текст) „-1С“

- Златко Крстевски - Дада

- Филип Велковски - „Neon youth“

Овде можете да видите по една страница од секој стрип.

Трите најдобро оценети автори ќе добијат книги и стрипови од издавачите Темплум и Бункер, во вкупна вредност од 500 евра.

Жирито годинава го сочинуваа: Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Битољану.

Повелете во понеделник во 20 часот во Гаврош!

 

ОкоБоли главаВицФото