Иван Блажев: Фокусирај се на искуството

07.02.20 16:32

Во видеото во продукција на PIX+ македонскиот фотограф Иван Блажев зборува за неговиот авторски пристап кон фотографијата.

„Таа е начин да се мисли реалноста, начин да се воспостави лична врска со светот, да се биде жив. Фасциниран сум од илузијата на објективноста, од тензијата помеѓу документарните фотографии и фикцијата што тие ја креираат. Поетиката на фотографијата и нејзината способност познатите работи да ги претворат во непознати и нови, како и способноста да го претворат физичкото во метафизичко“, вели Блажев, споделувајќи го своето искуство да се биде фотограф.

На 4 февруари во Градското собрание во Дрезден, Германија е отворена изложба на која се претставени неговите дела, заедно со Александар Кондев и Матијас Шуман. 

 

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око

ОкоБоли главаВицФото