Полански

07.02.2020 18:42

Го запив еден Полјак
Му реков - Кажвај одма,
Шо мислиш ти, момак
На шо се должи ова:
Храната е добра
Кафаната полна
Софрите најбогати
А јас пак сум „чорба“?
Полански тогаш стана
Беше малку трогнат
Ми даде троа бакшиш
Рече: Повеќе од Бога,
А треба да знаеш
Проблемот е ова
Домаќин си ти
Но грешка правиш кобна
Разбирам за мачиња
Што делите копанчиња
Или пак за кучките
Што има гратис коски
Ама ќе ти кажам,
Бог нека ми прости,
Многу храна фрлате
На „почесни гости“
На едно око готви
На другото прати
Тој шо се гостел
Мора да си плати.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото