Смешен, но точен водич како да ги препознаете делата на големите сликари

08.02.2020 11:20
Смешен, но точен водич како да ги препознаете делата на големите сликари

Историјата на уметноста може да биде неверојатно комплицирана и тврд орев за сите што не поминале години учејќи ги различните сложени и суптилни податоци потребни да се совлада оваа тема.

За среќа на сите љубители на уметноста, кои едноставно немале време ги научат сите важни и помалку важни работи од историјата на уметноста, Интернет им дава смешни и лесни совети за тоа како да се препознаат делата на познатите сликари.

Еве некои од најсмешните и најточни совети со кои ќе ги импресионирате вашите пријатели следниот пат кога ќе одите во музеј или ќе посакате да зборувате за уметност.

Ако сите - дури и жените, личат на Путин, тогаш се работи за слика на Јан ван Ајк. 

Ако е нешто што личи на она што сте го виделе кога сте земале ЛСД, тогаш е Салвадор Дали.  

Ако сите изгледаат како бездомници, осветлени само со зрак улично светло - мора да е Рембрант.

Ако на сликата сите се убави, голи и со плочки на стомакот - тоа е Микеланџело. 

Ако има балерини - мора да е Едгар Дега.

Ако сите на сликата имаат големи задници - тоа е Рубенс. 

Ако сите на сликата имаат измачени изрази на лицето на мрачна позадина, се работи за Тицијан (Тицијано Вечели).

Ако на сите слики го гледате лицето на истата жена со веѓи споени во една, тогаш е Фрида Кало. 

Пејсажот е како од „Господар на прстените“ обвиткан со сина магла, сите луѓе имаат иста виткана коса и аристократски нос - мора да е слика од Леонардо да Винчи. 

Ако видите Ексел страница со обоени квадрати - тогаш е Мондријан.

Ако сите на сликата имаат некој вид телесна дисфункционалност - се работи за Пикасо. 

На сликата има еден тон луѓе, а инаку сите изгледаат релативно нормално, тоа е Бројгел. Но внимавајте има и постар и помлад. 

Извор: boredpanda.com

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Општество / Живот / Култура
Општество / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото