1012 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Вто, 19.03.2024 00:59
„Се сеќавате кога добар филм беше кога батка со капа бега од батка без коса?“
Кога Хенк Хупер, извршен директор на медиумскиот конгломерат „Кабелтаун“, ја кажа оваа забелешка во ситком комедијата на Тина Фреј, „30 Rock“ тоа беше пародија на застарените ставови на мажите кои го водат Холивуд.
И навистина таа реченица на Хупер јасно одекнуваше на годинашните Оскари, каде еден воен филм („1917“) и љубовното писмо за шпагети вестерните („Беше еднаш во Холивуд“) беа меѓу главните фаворити.
Ниту една жена не беше номинирана во категоријата најдобар режисер, а само една црномуреста актерка беше номинирана во некоја од актерските категории (британската ѕвезда Синтија Ериво).
Гледајќи ја годинашната церемонија, се добива чудно чувство дека Академијата се обидува да надомести за таа контроверза, која се појави уште пред свеченоста на доделувањето на наградите.
Да бидеме фер - сè започна супер. Џанел Монеј вечерта ја започна со изведба на песната „Убав ден во соседството“, од истоимениот филм со Том Хенкс, која стана хит.
Додека Монеј ги интерпретираше стиховите со акцент на „биди гласен, биди светлина“, совршено кореографираните танчери се вртеа околу неа, таа беше облечена во костими од Филмовите „Мали жени“, „Џоџо зајакот“ и „Џокер“.
Но, исто така, имаше и ликови од „Us“, „Queen and Slim and Dolemite Is My Name“- филмови со силен афро-американски глас, кои не беа помеѓу номинираните.
„Тие гласови долго време беа замолчувани“, забалежа Монај пред да го римува насловот на филмот „Паразит“ со „Оскароите се толку бели“.
Подоцна таа рече: „Вечерва ги славиме жените кои режираа феноменални филмови“, изјава што е очигледно невистинита.
Таа се одјави велејќи ѝ на публиката: „Ги славиме жените. Многу сум горда што овде стојам како црна, квир жена“.
Монај беше наградена со стоечки овации, нејзината изведба секако беше многу подобра настапот на Квин Латифа на минатогодишното шоу.
Но, беше чудно да се види дека свеченоста на Оскарите започнува со песна и танц посветен на самокамшикувањето.
Што се однесува на главната церемонија ... Втора година по ред, шоуто поминува без водители.
Во 2019 година, Тина Фреј, Ејми Полер и Маја Рудолф брилијантно се справија со првиот презентациски сегмент. Годинашната церемонија ја отворија Стив Мартин и Крис Рок, кои беа во ред, но ништо повеќе од тоа.
Рок саркастично го посочи напредокот на Академијата по 91 година доделување на Оскарите: „Во 1929 година немаше номинирани црни актери. А сега во 2020 година има една номинација за црна актерка“.
Тие двајца се осврнаа и на недостигот на жени во категорија за режисери: „На овој список нешто недостасува. Вагини? Да“.
Но, секој сценарист ќе ви каже дека најдобрите филмови покажуваат, а не кажуваат. Сите зборови од сценариото на презентерите на наградите не можеа да го скријат јасниот факт дека Грета Гервиг („Мали жени“), Лулу Ванг („Збогум“) и Алма Харел („Honey Boy“) ја поддршката на Академијата.
И така, ноќта продолжи во оваа малку напорна насока. Подоцна, Гал Гадот, Бри Ларсон и Сигурни Вивер - најпозната по своите филмски ликови на Вондер Воман, Капетан Марвел и Рипли од серијалот на филмовите „Алиен“ - ја презентираше наградата за најдобра музика со што се поентираше дека „сите жени се суперхерои“ .
Малку е веројатно дека тоа што токму тие ја презентираа оваа награда беше случајност, со оглед на тоа што Оскарот го освои композиторката Хилда Гуднадотир за „Џокер“.
Исландската композиторка е првата жена во историјата на оваа награда што добива Оскар во оваа категорија (иако две жени претходно освоиле Оскар за најдобра композиција во мјузикл или комедија, пред таа награда да биде укината во 1999 година).
Маја Рудолф и Кристен Виг глумеа дека се на аудиција за филмски улоги додека беа на сцената и ја презентираа наградата за најдобра сценографија и костими.
„Тоа беше глума. Само глумевме. Знаеме дека вечерва овде има многу режисери“, се пошегуваа тие.
Беше многу смешна и импресивна каша од а капела во која се спомнаа и „Vogue“, „The Lady in Red“ и „Thong Song“.
Но, ако Академијата треба да потроши поголем дел од енергија за сценариото на церемонијата намигнувајќи ѝ на публиката, за да се извини за сопствените грешки, можеби треба да престане толку лошо да греши со номинациите?
И тогаш, на крајот, кога остана да се додели последната награда, една од најмалку интересните (и најчудни) – доделувањето на Оскарите 2020 година одеднаш стана историски настан.
92-то доделување на наградите на Академијата ќе остане засекогаш запаметено по изненадувачкиот успех на „Паразит“, кој стана првиот филм што не е на англиски јазик, кој освои Оскар за најдобар филм. ("#OscarsSoRight", напиша филмскиот критичар Ксан Брукс на Твитер).
Победата на Бонг Џун –Хо, вистински заслужена, е исклучително среќна околност и за продуцентите на церемонијата, затоа што до тој момент, највпечатлив дел од церемонијата беше збунувачката изведба на Еминем на неговата песна „Lose Yourself“.
Кога во 2003 година, оваа песна од неговиот полуавтобиографски филм „8 милји“ освои Оскар, раперот не се ни појави на доделувањето. Па од каде се појави тој и зошто токму сега?
Камерите ги фатија изразите на лицата на Били Ајлиш и Мартин Скорсезе, кои не знаеја и не беа многу загрижени подобро ги скријат и тие нивни изрази сигурно ќе бидат новите гифови за Оскарите.
Можеби беше причината за појавувањето на Еминем е тоа што на централната сцена фалеше и еден бел рапер, кој се појави без никаква добра причина, токму вечерта кога многумина се прашуваа зошто отсуствуваат малцинствата и жените.
Но, со Кели Мари Тран, Махершала Али, Ентони Рамос, Зази Бетц, Таика Ваитити и Спајк Ли на кои им беше отстапен простор, продуцентите на Оскарите барем беа во можност да понудат симболична разновидност меѓу презентерите. Сигурно посакувале исто толку лесно да беше и со номинираните.
Извор: Би-би-си