ЕУ река (32): Цивилизациите умираат заради скаменетост

11.02.2020 22:47
ЕУ река (32): Цивилизациите умираат заради скаменетост

Ортега и Гасет, интригантниот шпански пророк на европската идеја во првата половина на 20 век, велеше дека не може да се сети на ниедна цивилизација која згаснала заради сомневањето во себе. Напротив: цивилизациите најчесто умирале заради скаменетоста во својата традиционална вера, како последица на артериосклероза на своите убедувања. Гасет за свој и европски слоган го избира: Mobilis in mobile! И го цитира Гете: „Со сите нас владее променливото битие кое во нас и со нас се менува“.

Сервантес, во веќе поодминати години, беше рекол нешто слично: дека патот е подобар од крчмата.

***

Жилиен Бенда (познат по своите полемики против „предавството на интелектуалците“), своите согледби од раните триесетти години ги прошири со повикот Европјаните да почнат да ја развиваат одбојноста кон страста спрема себеси. Без новиот рационален човек нема да има интегрирана Европа. Наместо еднозначниот идентитет на нацијата или културата на народите кои ја сочинуваат Европа сè попотребен ќе им биде „рефлексивниот идентитет“, втемелен во рационалноста.

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Zak Dogerti

Кон ЕУ река (31)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото