Метелкова

12.02.2020 18:54

Шенгенската кујна станува сиропиталиште
додека на блискиот музејски плоштад
евоцирам спомени за тоа како ја зазедовме касарната,
за концертот на Марјана Держај
и за нишкањето на панкерите на звуците на Летна ноќ.
Кога се бориш за вистинското нешто, сѐ е можно.
Денес на Метелкова
има сѐ помалку поезија.
Ја прогонија во разноразни домови
и центри
каде што стиховите одѕвонуваат засипнато
низ стерилните простори,
без вистинскиот мирис на застоен воздух и патина.
И младите рими остареа.
Околу мене деца на тротинети,
нова надеж.
Мојот дрвен веќе одамна го нагриза гнилеж
и заврши во печката.
Од преголемата доза меланхолија
устата ми ја нападна парадентоза.
Во борбата со сегашноста
станувам беззаб,
па никогаш повеќе заб за заб
туку само око за око.

Препев: Лидија Димковска

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото