Modus vivendi

13.02.2020 17:54

И сепак се врти.
Во 6:30 електронски звук на алармот на мобилниот
кој и мртов би разбудил.
Варење кафе за двајца,
едно во обично, едно во мока-ѓезве,
ритуал со здив на различност.
Нашиот утрински бунт против глобализацијата.
Иако мојот мајчин јазик е еден од ретките
што ја сочувале двоината,
наутро сум скржав на зборови.
Неизбежен појадок за добро здравје
во друштво со тукушто испечатен весник
со привлечен мирис на црнило
и содржина што в миг ја уништува благодатноста на појадокот.
Терање на детето да се подготви за на училиште
во мешавина од јазици.
Испраќање до училиште,
пеш, среде намуртените погледи вперени в земја,
или со свирење, пцости и мавтање со рацете
ако врне.
И работа,
влегување на други автори под кожа
од љубов,
на работ на шизофренијата,
или претопување на сувопарни зборови
од еден на друг јазик,
за лебот насушен.
Точно напладне
прегласно биење на камбаните,
небаре вестат нешто страшно, ако не и судниот ден.
Потоа тишина.
И сепак се врти.

Препев: Лидија Димковска

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото