ЕУ река (34): Освојување на слободата

13.02.2020 22:07
ЕУ река (34): Освојување на слободата

Нагласената аполитичност во авторитарните режими е полоша и поопасна од обичниот конформизам: тоа е одобрување на сите оние валкани работи кои се прават токму пред нашите очи: од бесното производство на лаги до создавање концентрациони логори и извршување воени злосторства.

Во 1934 година, поттикнат од ситуацијата во Германија, Томас Ман пишува за опасните режими кои применуваат „методи на безгранично лажење и оглупување“. Кога на Ман му замериле дека со ваквата директна критика ја напушта својата книжевна етика на иронија и дистанца, тој, само за неупатените неочекувано, одговорил дека во моменталните околности „бранителот на чистата книжевност изгледа жално, зашто политичката борба во сегашните услови е позначајна, поодлучна и подостојна за почит од целокупната поезија“.

Оваа „политичка борба“ која ја споменува Томас Ман не е ништо друго освен морален став. Во системите на заглупување и автодеструкција за чесниот човек нема избор - мора да застане наспроти измамите кои ги нуди режимот. Единствена цена на ангажманот е вистината. Лагата ги парализира и заглупува поединците, но и цели народи. Нацистите и за нив приврзаните родољуби и патриоти го обележале Томас Ман како предавник.

Ханс Магнус Енцесбергер многу години подоцна во својот „Прилог кон теоријата на предавството“ пишува за неизбежноста на предавството. „За логиката на овој поим“, вели тој, „попрво е пресудно тоа што под одредени историски околности секој мора да стане предавник“. Особено во оние системи на владеење кои се изедначуваат со државата и народот правејќи злоупотреби во нивно име, па дури и полошо: злосторства. Ништожниците кои стојат на страна поради презир кон секојдневието, божем чувајќи ја чистотата на уметноста и науката, подеднакво од својата позиција прават воен профит како и оние кои го рават тоа јавно и бескрупулозно.

Освојувањето на слободата не е колективен, туку индивидуален чин, Слободниот поединец кој ја нагризува семоќта на авторитарната политичка елита, е најголема опасност за насилната држава. Да се живее без слобода, или да не се тежнее кон слободата, значи да се биде без сопствена волја, морална нула, соучесник во злосторствата.

фрагмент од подолг текст

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Мирјана Лозановска

Кон ЕУ река (33)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото