„На работ“ - групна изложба во „Акантус“

14.02.2020 13:42
„На работ“ - групна изложба во „Акантус“

Во галеријата „Акантус“ вечерва (14 февруари) од 20 часот ќе биде отворена изложбата „На работ“ со дела од од Доротеј Нешовски, Илија Прокопиев, Ива Станковска и Ана Трајковска.

„Во светот на уметноста потребни се нови интриги и нови прашања. Тие можат да го појаснат ставот на уметникот, a и да допринесат за разбирање на ракописот на уметноста. Ако интелектуалниот пристап на гледање и поимање, носи страв и непознаници притоа барајќи едукативна подготвеност, така емотивниот контакт и чувствата со уметничкото дело уште повеќе изискуваат енергија. Уметноста како визуелен медиум ве вовлекува во процесот на создавање низ рацете на уметниците. Чинот на создавање на материјалната слика, ‘реалноста’ на насликаното’ (Хегел), создадена од човечката рака е израз на уметничката слобода, сето тоа на работ од реалноста и духовната ‘конструкција’, на работ на опсесијата, на работ на страста, на работ на бунтот за опстанокот на уметноста, …за опстанокот“, пишува за изложбата кураторката Дијана Томиќ Радевска.

Според неа, авторите Нешовски, Прокопиев, Станковска и Трајковска, блиски по третманот, секој на свој начин во традиционална техника, цртеж, сликарство, графички отпечаток, објект-скулптура, но на еден нетипичен начин излегуваат од рамката на ограничувања.

„Нивното искрено задоволство ќе се почувствува во предизвикот што го носи уметноста, на ‘лутањето’ низ сопствен јазик. Тие се избор на галеријата Акантус за почеток на годината. Уште на почетокот загатнуваме прашања и проблематики во исцрпените емотивни забелешки, уметниковите грижи, однос човек-град, човек-природа, човек-човек“, пишува кураторката Томиќ Радевска.

 

ОкоБоли главаВицФото