„Инспекторот се врати дома“ од Ватрослав Мимица

17.02.20 10:17

Во Загреб, во 97-та година од животот, на 15 февруари почина филмскиот режисер Ватрослав Мимица.

Мимица ќе биде запаметен по играните филмови: „Бановиќ Страхиња“, „Селска буна“, „Прометеј од островот Вишевица“, „Понеделник или вторник“. Во 1958 ја освои Гран при наградата за филмот „Самец“ во Венеција.

Ватрослав Мимица е роден 1923 години во Омиш. Студирал на Медицинскиот факултет во Загреб, а бил учесник во антифашистичкото движење во Втората светска војна. Бил директор и основач на „Јадран филм“, а е еден и од оснивачите на загрепската школа на цртаниот филм.

Во областа на анимираниот филм, на крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години, тој беше еден од визуелно најрадикалните автори, издигнувајќи ја оваа форма на повисоко уметничко ниво и внесувајќи поинакви теми во анимираниот филм.

Добитник е на низа меѓународни и домашни признанија за својата работа, меѓу кои и наградата „Владимир Назор“ за животно дело во 1986 година.

Погледнете го анимираниот филм „Инспекторот се врати дома“(1959) во режија на Ватрослав Мимица. 

Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото