1018 hPa
75 %

6 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 17:59
На 10.02.2020. во кафулето „Гаврош“ во Скопје беа доделени наградите од втората „Годишна награда за стрип Лифт“, за 2019 година. На настанот беа прикажани и таблите на трите најдобро оценети стрипови: „Reborn“ од Јована Велинова; „Hope“ од Џошкун Алиевски; и „Си беше еднаш еден човек“ од Александар Стеванов и Дарко Богданов.
Жирито беше составено од Јана Јакимовска, Владимир Битољану и Никола Гелевски.
Победничкиот стрип „Reborn“ од Јована Велинова можете да го погледнете на следниот линк.
Сите пристигнати стрипови се објавени во книгата „Стрип награда ЛИФТ #2“ во издание на Темплум, која во pdf верзија можете да ја погледнете тука.
Овде претставуваме фотографии од настанот, од Драгица Николовска.