Ум за медиум; медиумите на крстопат

17.02.2020 18:55
Ум за медиум; медиумите на крстопат

На 13 февруари, во „Јавна соба“ се одржа промоција и разговор насловен „Ум за медиум; медиумите на крстопат“. Во разговорот учествуваа: Никола Гелевски, Ѕвездан Георгиевски, Бојан Кордалов и Фросина Крушкаровска и, како модератор, Александра Бубевска.

Дали новите новите медиумски формати се замена или дополнување на традиционалните медиуми? Како новите тенденции, променетите општествени контексти и концепти влијаат врз потребата од медиумска писменост, како да се развива критиката и критичката култура, пред сè во сферата на медиумите? Дали фрагментираноста на публиката е позитивна? Колку навистина се разликуваат новите од традиционалните медиуми... беа дел од прашањата за кои разговараа учесниците на дебатата.

Во рамките на настанот беше промовирана новата рубрика „Медиум на друм“, на порталот „Окно“. Рубриката се занимава со медиумите (авторефлексивно, едукативно, критички), но во еден малку поинаков формат - текстовите главно се кратки и придружени со анимирани гифови. Педесетина гифови направени од Александар Јосифовски, Мирјана Лозановска и Димитар Грчев беа прикажани на настанот. Видеото со гифовите можете да го погледнете на следниот линк.

Разговорот го организираат здружението Контрапункт и порталот за култура „Окно“. Настанот е поддржан од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Фотографии: Јелена Белиќ

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото