ЕУ река (37): „Малиот Самуил“

18.02.2020 15:56
ЕУ река (37): „Малиот Самуил“

Хуманитарно и реформистички расположените Англичани постојано доаѓале на Балканскиот полуостров за да видат кој кого малтретира, а по природа на својата перфекционистичка вера неспособни да ја прифатат морничавата претпоставка дека секој малтретира секого, се враќале дома со по еден балкански народ како свое галениче, како оној кој недолжен страда, кого секогаш го убиваат а тој самиот никогаш не е убиец. Луѓето кои спаѓаат во тој тип, аскетите кои прават добри дела и од кои по традиција се очекува дома да држат мачка и папагал, често врз огништетото поставуваат слика на албанскиот, бугарскиот, српскиот, македонскиот или грчкиот народ, слика која има снага и благост на верска фантазија. Бугарите кои се најголемата љубов на браќата Бакстон* и Албанците кои ги застапува мис Дарам** мошне потсеќаат на сликата Малиот Самуил насликана од сер Џошуа Рејнолдс.


*Ребека Вест ги има на ум Ноел и Чарлс Бакстон, кои во почетокот на дваесеттиот век пишувале за Македонија.

** Едит Дарам (1863-1944), Англичанка која на почетокот на дваесеттиот век доста престојувала и пишувала за Балканот, пред сè за Црна Гора и Албанија.

Ребека Вест (1892—1983) британска авторка, новинарка, литературна критичарка и патописец. Меѓу нејзините најзначајни дела се вбројува „Црното јагне и сивиот сокол“ (1941) за историјата и културата на Југославија.

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Александар Јосифовски
Слика: Џошуа Рејнолдс - Малиот Самуил (околу 1776)
Извор: Ребека Вест - „Црното јагне и сивиот сокол“ (1941)

Кон ЕУ река (36)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото