1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 04:59
Октомври. Седам во тесново, немливо кујниче
го проучувам лицето на татко ми, засрамен младич.
Се смее ко зелен, во едната рака држи конец со фатен костреж, во другата шише Карлсбад пиво.
Носи фармерки и тексас кошула,
потпрен на хаубата од некој Форд од 1934.
Позира за да личи на добрадуша утре пред внуците,
стариот шешир го подвратил над увото.
Сиот свој живот татко ми сакаше да биде фраер.
Но очите го издаваат, а рацете некако млитаво
ги подаваат конецот со мртвиот костреж и пивото.
Тато, те сакам, ама како да ти кажам фала,
јас, кој и самиот не знам да сопрам кога пијам
ниту знам бар едно место за по риба?
Препев од англиски јазик: Mагда Ориѓанска