Дали програмата за култура е резултат на вкоренет клиентелистички систем?

20.02.20 14:53

Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура предизвика реакции на онеправденост кај авторите, цела редица обвинувања од страна на опозицијата, како и најава за проверка на програмата од страна на Антикорупциската комисија.

Никола Гелевски, издавач, вели дека е очекувано да има повисоки тонови и нервоза како и чувство на онеправденост.

„Дури и да се идеални условите би имало незадоволство бидејќи парите реално се малку. Сега ситуацијата е подобра отколку пред неколку години во времето на груевизмот, зашто тоа беше страшно, недемократски и нетранспарентно“, вели Гелевски.

Според Гелевски, токму Министерството за култура е центарот на сите проблеми заради неговата неподготвеност да ги следат и да го помагаат реализирањето на проектите.

„Најлошо е што во сферата на култура сегашнава власт ја презема практиката на корумпираност“, вели Гелевски.

 Извор: Утрински брифинг 

ОкоБоли главаВицФото