Од тројца или од четворица во собава

20.02.2020 18:47

Од тројца или од четворица во собава
еден секогаш стои до прозорецот.
Присилен е да ја гледа неправдата меѓу трњето,
огновите по ридовите.

Луѓето што останале цели
квечерум ги носат дома, како малечка промена.

Од тројца или од четворица во собава
еден секогаш стои до прозорецот.
Косата црна му е над мислите.
Зад него, зборовите, сомнежите, без багаж,
срца без провизија, пророштва без вода
големо камење е оставено таму
стои, затворено чиниш писмо
без адреса; и нема кој да го прими.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото