Енциклопедија за африканската уметност во 54 томови

22.02.2020 13:03
Енциклопедија за африканската уметност во 54 томови

Историчарката на уметност од Гана, Нана Офориата-Аим (Nana Oforiatta-Ayim), била на докторски студии во 2009 година, кога ја змислила идејата за создавање на сеопфатна архива на африканската уметност и култура.

„Одев во подземната библиотека и наоѓав многу интересни податоци, но сепак никој не ги проучуваше тие вредни работи“, раскажува таа. „Целосно се задлобочував читајќи за работи како што е технологијата на изработкката на ткаенината „канте“. А истовремено размислував и за наративот за Африка: дека тука сè е застарено, немало иновации, дека е заглавена во историјата. Сепак, сè што имав можност да прочитам во библиотеката беа приказни за иновации, знаење, за технологија “, вели таа.

Сега, идејата на Офориата-Аим заживува преку нејзиниот „Проект за културна енциклопедија“, кој ќе претставува хроника на уметноста од секоја африканска земја, па оттука и нејзините 54 одделни тома. Првиот том ќе биде достапен на Интернет и ќе се однесува на постарата и на современата уметност, музика и литература на Гана.

 Извор: New York Times

ОкоБоли главаВицФото