1016 hPa
94 %
14 °C
Скопје - Нед, 09.11.2025 17:00
_438.jpg)
Еколошките организации од целиот Балкан се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот.
Граѓаните ќе излезат на улиците во Скопје, Приштина, Призрен, Подгорица, Сарајево, Белград и Бања Лука на 28 февруари (петок), истовремено во 18 часот во знак на солидарност со борбата за чист воздух.
Во Скопје, протестот ќе се одржи пред Министерството за животна средина.
„Време е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на нашиот воздух, нашите деца и нашата иднина. За смогот граници не постојат, истото важи и за нас! Балканот бара чист воздух“, стои во најавата за настанот.