1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 22:59
Етнографот Арнолд ван Генеп во 1910 година во Париз ги објавил резултатите од едно свое истражување со провокативен наслов, Настанувањето на легендите.
Во текот на конгрес на психолози одржан во Гетинген се организирал маскенбал. За време на забавата меѓу присутните се уфрлил кловн следен од црнец воружан со пиштол. Кловнот паднал на земја и помеѓу нив избила тепачка, во текот на која бил истрелан еден куршум, но двајцата станале и избегале оттаму.
Од извештаите, дадени на судските власти од четириесетте присутни, само еден содржел помалку од 20% фактографски грешки; дваесет и шест од тие извештаи имале помеѓу 20% и 50% грешки; тринаесет имаат повеќе од 50% грешки. Во дури дваесет и четири извештаи има повеќе од 10% измислени поединости.
Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Мирјана Лозановска
Извор: Џовани Гоцини, Историја на новинарството (2000)
Медиум на друм (50): Истрел во висина на срцето
Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.