1025 hPa
63 %
17 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 10:08
Ја прогласувам личноста во мене за отворена.
Не славам Валентајн пошо сум поливалентна.
Не го сортирам ѓубрето пошо не сум елитист.
Имав заостанат долг, ама го еманципирав.
Јас жедна за твојата љубов, а ти можеш само вода да ми носиш.
Мојот план и твојот план го уништија нашиот.
Уф, уф, како би те зумирала.
Мншеаи чувства.
Дај мести ми ја женска ти за другарка.
Ако троши ко да не видела пари, манија.
На вашата сметка имате 0 денари. Но тоа не е сѐ!
Купи ми так и викај ме билијардерка.
Ако ништо друго барем вратата се затреска во мене.
Кога паѓам ми е најбитно да ми е меко на душичката.
Ќе си доделиш улога на жртва, ќе заборавиш како е да си сакан.
Најубавиот дел од тоа што си во право е што на никој не му е гајле.
Мора да го искористам некако потенцијалов.
*брца у штек*
Слики: VALERIA PETRONE