Тетоважа на историјата

25.02.2020 18:46

Човек се претвора во она против кое се бори.
И се плаши. И не само човекот. Камелеонот
си ја менува бојата од страв и се слева со непријателот.
И така се движи. Од непријател на непријател. Од цвет
на цвет. Без да убива. Човекот прво убива,
а потоа си ја менува бојата. Сега, кога веќе речиси нема
Индијанци или ги има само во гетата, каде виткаат
тутун и прават алкохол за да ги забавуваат гледачите,
нивните гледачи, без да знаат, веќе се Индијанци.
Кожата не може да стане од бела црвена, но
тетоважата на стравот веќе е насекаде. Има луѓе,
кои си ја тетовирале целата историја на цивилизацијата
по своите тела. Така жртвата победува во отсуство.
По својата смрт, живее на туѓа кожа.

Превод: Иван Шопов

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото