Епидемија во ера на интернет

26.02.2020 00:11
Епидемија во ера на интернет

Полесно отколку што претпоставувате, можете и сами мошне прецизно да се информирате за напредувањето на корона вирусот. Ако не им верувате на медиумите, премногу често сте биле измамени и се сомневате во политичките објави на социјалните мрежи, препорачуваме неколку извори со најсвежи информации.

Освен епидемиолошките податоци, и без домашните таблоиди или големите светски медиуми можете да донесете некаков заклучок за атмосферата која владее во Кина под опсада на вирусот. На пример, кинескиот печат пишува дека на 2 февруари 37 пациенти биле излекувани и пуштени од болницата во Вухан. Друга вест се занимава со еден пациент од 88 години кој е најстариот преживеан пациент заразен со вирусот 2019-nCoV.

Женмин Жибао, влијателниот дневен весник на Комунистичката партија, пишува дека се регистрирани 28 нови случаи во провинцијата Гуандонг. Истовремено, на кинескиот интернет има вести за телефонска линија за психолошка поддршка која работи 24 часа, со совети зошто е важно да се проветрува домот, кои се лажни вести во врска со заразата, како да се постапува со медицинскиот материјал и што да се прави ако се разболи некој во семејството.

Сите овие вести за заразата се собираат и во реално време и се објавуваат на кинеската листа DXY, додека пообемни и аналитички обработени податоци може да се видат на порталот DXY. Ако ве интересира ситуацијата во Европа, со медицински совети, сугестии и веродостојни анализи, може да се следи мошне корисната страница на Европскиот центар за контрола и превенција од заразни болести.

Популарниот американски CDC, кој инаку пружа огромни ресурси со информации, исто така основаше портал посветен на новата зараза. Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) објавува извештаи на својата веб страна.

Користејќи ги отворените податоци за бројот и состојбата на заболените, бројни клиники и центри за јавно здравје шиурм светот развија разни интернет платформи за следење на ширењето на вирусот. Така на Универзитетот Џонс Хопкинс, група истражувачи во центарот CSSE направи исклучително информативна визуелизација за однесувањето на епидемијата во реално време.

Домашните институции досега не развија обединет портал посветен на оваа зараза, сајтот на Министерството објавува повремени соопштенија, но ако се сомневате во намерите на домашните медиуми, добар извор е делумно конзервативниот, но веродостоен сајт на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

На прв поглед, интернетот во услови на епидемија може да биде разорен колку и самата болест, да поттикнува најморбидни идеи и вџашувачки злонамерни лажни вести. Веќе се појавуваат шпекулации дека вирусот е создаден во лабораторија за да ја уништи економијата на Кина, дека мутирал со ХИВ, дека неизбежно ќе убие милиони луѓе или дека се лекува со средства за чистење. Меѓутоа, ако се информирате на различни места, ако ги споредите податоците, ќе бидете отпорни на таквите неизбежни манипулации.

Заразата со корона вирусот е толку нова - сѐ уште без лично име и со ознака 2019-nCoV - па и натаму се нарекува според целата група делумно безопасни корона вируси (наречени корона заради обвивката која наликува на круна), на која ѝ припаѓаат и лошите САРС и МЕРС. Благодарение на глобалната поврзаност, заразата која е откриена во централна Кина речиси веднаш стигна и на сите други континенти, што предизвикува глобална загриженост.

Меѓутоа, светот денес е поврзан не само со авионски линии, туку пред сѐ и со интернетот и додека медицината на самиот почеток не може да ја достигне брзината на заразата, информациите секако се побрзи од неа. Во исчекување на соодветен протокол за лекување на новата болест и секако вакцина, што бара значајно време, клучното оружје во борбата со потенцијална пандемија можат да бидат токму информациите.

Извор: http://naukakrozprice.rs