Заразени се 0.0055% од Кинезите

26.02.2020 11:42
Заразени се 0.0055% од Кинезите

Кина има 1.386.000.000 жители, од нив заразени се 77.000 на 1.4 милијарди жители.

Тоа е 0.0055 % од сите Кинези.

„Дури“ 0.0055 отсто од сите Кинези е заразено од корона вирусот. Тоа значи дека во земјата од кадешто доаѓа врусот, 99,9945 отсто од жителите немаат вирус.

Тоа значи дека ако наредите 10 000 Кинези, петмина од нив ќе имаат вирус, а 9.995 нема да бидат заразени. Ете колку е заразен овој вирус.

Шансата да се заразите, врз основа на речиси три месеци колку што трае епидемијата на нејзиниот извор – Вухан, изнесува 0,7 отсто.

Значи 99, 3 % е процентот на шансата дека вирусот нема никогаш да го видите.

Од тие 0,7 отсто, пак се делат помали групи, па така ако имате 85 години, имате 0,7 % шанси воопшто да се заразите од вирусот, па ако го добиете имате 14, 8 отсто шанси да умрете од него, односно вкупно 0.103% шанси да умрете од него. Тоа значи дека имате 99,897 отсто шанси да НЕ УМРЕТЕ од овој вирус.

За еден 45 – годишен човек, тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028% дека ќе го убие коронавирусот. А 99,9972 дека нема да го убие оваа зараза.

За еден 35-годишен човек, шансата дека ќе умре од ова чудо е 0,0014%. А дека нема да умре шансите се 99,9986 отсто.

Тоа е 0,7 отсто дека воопшто ќе го добиете и 0,2% дека ќе умрете од оваа зараза, ако имате помалку од 40 години.
Поента на приказната: ОПАСНОСТА ПОСТОИ, ДА. Но, не ни блиску толку голема како што пишува по весниците и порталите.

Патем, прашајте се зошто толку малку се зборува за повеќе од 10 000 Кинези кои оздравеле од заразата? Кому тоа не му е интересна таа вест и зошто не е?