Зборолом

27.02.2020 17:17
Зборолом

 Откако граматичката полиција и врховниот лексички суд ќе ве осудат на тешка правописна робија, веднаш ве праќаат на зборолом. Таму, испотени од синткакса и оцрнети од врелото алегорично сонце, ќе ве дочекаат останатите осуденици со лапсуслингвални овации. Ви даваат копач и ви наредуваат да почнете со кршење на зборовите. Тоа е тешка работа: милиони неправилно конструирани збороследи заробени во морфолошки стени кои чекаат да ги ослободите. Ако се обидете да побегнете од збороломот, семантичките чувари ве ставаат во самица каде со денови ќе ви пуштаат извадоци од Правописот, сè додека не се покаете во фонетски плач, додека не се расчлените како микроскопски морфеми. Директорот-лектор нема да ви ја олесни работата, туку ќе ве мачи со симулфикси сè додека од вас не ја искорени неписменоста.

Ветрот ме погали со ономатопеја и епифорично ми шепна: Издржи, издржи, издржи.

Извор: www.kooperacija.mk/

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото