Медиум на друм (54): Немаме корени туку антени

27.02.2020 21:00
Медиум на друм (54): Немаме корени туку антени

НЕМАМЕ КОРЕНИ ТУКУ АНТЕНИ

Ние веќе немаме корени, имаме антени. Токму нашата одвоеност, не само од природата туку и од културата како безшевна, жива заедница, нè поттикнува да ги бараме корените. Навистина да имавме вкоренета култура, тогаш корените и традицијата не ќе беа постојана тема на невротичното мавтање со раце.

Мекензи Варк

 

НЕМА СЕМАНТИКА, САМО ГЕСТОВИ

...Веќе нема семантика, само гестови. Веќе нема идеи, само фигури на енергија. Никаква повисока смисла, само земската возбуда. Веќе не логос туку само оралност. Веќе не свето, само чукање на срцето. Веќе не дух, само здив. Не веќе бог, само движења со устата.

Жан Бодријар

 

СИМУЛАКРУМОТ...

Симулакрумот никогаш не е она што ја прикрива вистината, туку вистината прикрива дека ја нема. Симулакрумот е вистинит.

Жан Бодријар

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Ристо Аврамовски

Медиум на друм (53): Потрошувач или потрошен

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото