На Корона вирусот му фали еден документ за да влезе во Македонија

28.02.2020 18:37
На Корона вирусот му фали еден документ за да влезе во Македонија

 

  На Корона вирусот ноќеска не му било дозволено да ја премине македонската граница бидејќи не ги имал сите неопходни документи за влез во земјата.

Вирусот бил вратен од граница бидејќи било утврдено дека немал уплатено здравствено осигурување за периодот на планираниот престој во Македонија.

-Корона вирусот не пружи на увид валидно здравствено осигурувањем а со оглед на тоа дека во тек е сезоната на загадување и вируси, цариниците ништо не препуштаат на случајот и се многу ригорозни – наведе нашиот соговорник од Управата на царината.

Како што неофицијално дознаваме, Корона вирусот се обидел и да ги подмити цариниците, така што, вистинско чудо е што не завршил во притвор, односно во карантин.

-Им понудил мито на цариниците од по 762 јуани, што е износ од 100 евра, но тие одбиле. Да биде работата уште полоша, кај него се запленети неколку стотини силиконски маски за телефони од Алиекспрес кои веројатно сакал да ги прошверцува и продаде во Македонија. Поголем скандал бил избегнат затоа што Македонија не сакала да ги расипува дипломатските односи со Кина, па го пуштила овој патник без поголеми последици.

Приспособено од: www.njuz.net