утрово од масата падна чаша

28.02.2020 21:27

само на минување ја потчепнав
така ловецот ја потчетпнува птицата што
излетува од моето уво така излетуваат
мислите за чии крилја се држат зборовите
така се држи чашата и се остава на работ
ја потчепнав и неколку чекори подоцна
фатена е во slow-motion
кружното патување на погледот застанува
и се изострува на дел од секундата
на неодлучноста. или одлага или се колеба
такви се девојките со проѕирен тен
со модри гранки наместо коса
a тогаш се втурнувам во неподвижност
љубопитна беспомошна
колку вечност ѝ треба на птицата
за да долета ранетиот звук на кристалот?


Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото