1006 hPa
100 %
9 °C
Скопје - Пет, 05.12.2025 17:59
_444.jpg)
Првиот случај на коронавирус во земјата, Еквадор го одбележа со песна. По официјалното соопштение дека во земјата е забележан првиот случај на смртоносниот вирус, беше објавена песната „Коронавирус” со видео спот.
Во спотот, медицински лица танцуваат и пеат, пренесувајќи ги препораките на властите за заштита од вирусот.
Видеото и песната се направени со цел да го едуцираат населението како да се заштити од вирусот, односно се препорачува редовно миење на рацете и зголемена хигиена, како превенција против вирусот.
Песната за само неколку часа стана хит. Масовно се споделува и има повеќе од милион и пол прегледи.
Извор: Фејсбук