1015 hPa
87 %
10 °C
Скопје - Пет, 07.11.2025 06:59

На 4 март (среда) во Младинскиот културен центар во Скопје (горно фоаје), со почеток во 20.00 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Белата е најстрашната боја” од Ирена Јурчева.
Промотори ќе бидат Владимир Мартиновски и Мања Величковска. Раскази ќе чита Катерина Гогова, а музичкиот дел е на групата „Калевала”.
Книгата е добитник на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!” којашто во декември 2019 година ја додели издавачката куќа „Темплум”.
„Белата е најстрашната боја” e втора книга на Ирена Јурчева, која покрај проза пишува и објавува поезија, а активна е и како проучувач и преведувач на фантастична литература.
Повеќе за книгата можете да прочитате овде.
Линк од настанот на фејсбук.