Ако сите кренеме раце ќе биде ко концерт

04.03.2020 18:43
Ако сите кренеме раце ќе биде ко концерт

 

 Ако сите кренеме раце ќе биде ко концерт.


Откако почнавме да тонеме ни тргна.


Село зад седумте милиони тони отпад од Бугарија.


Во нашата изборна програма повлечените езера ги дополнивме со истечени пасоши.


Јас го гледам министерот, а он ме популистички мерка.


Извини Пандора, мислев дека си Сезам.


Што знае рок на употреба што е надеж.


Што пишувате сите за Скопје, да не умрело?


Јазикот та јазикот, од уста не го вадите.


Да не беа Кирил и Методиј ќе бевме безгласни букви.

А ти си прав христијанин или само демо?


Дур да добие некој Македонец Нобелова за мир ќе се испоколеме.


Ќе аплицирам за америчка криза.


Масоните го дочекаа празникот во триаголникот на пријателите.


Кажи таму те понела атмосферата, да не ќе провери некој.


Убава е атмосферата, ама во јоносферата е друштвото.


Си биле Како, Секој, Некој и Океј. Некој прашал: Ти Како си? Секој излажал: Океј сум.


- Какви се луѓето во Сеул?
- Сеулави.


Слики: Waldemar von Kazak

ОкоБоли главаВицФото